Почетна Инфоград

НОВУС со онлајн кампања по повод Меѓународниот ден на човековите права

Во пресрет на 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права, здружението „НОВУС“ креираше онлајн кампања за запознавање на граѓаните со нивните основни човекови права, втемелени во Уставот и законите и согласно Меѓународната конвенција за човекови права. Во оваа кампања се приклучија студенти, НВО организации, актери, спортисти, музичари, активисти…

Иако државата e обврзана да ги гарантира и почитува правата и слободите утврдени во овие документи, во Република Македонија сеуште постојат постапки со кои се ограничуваат основните слободи и права, притоа необезбедувајќи ефикасни механизми за нивна заштита.

Со оваа кампања од здружението „НОВУС“ нагласуваат дека сакаат да ја подигнат свеста кај граѓаните дека нивните права во ниту еден случај не можат да бидат оспорени, ниту пак ограничени. Човековите права никогаш не смејат да бидат исклучок! Граѓаните треба постојано да ги бараат своите права, но мора да бидат свесни дека со секое право, постои и одговорност.

Нашите права, нашата слобода, секогаш!

Албумот со фотографиите од онлајн кампањата можете да го видите овде

[juicebox gallery_id=”431″]