Почетна Инфоград

Врачени плакетите на генералните спонзори на Струмичкиот карневал

Во присуство на претседателот и членови на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, денес грдоначалникот Зоран Заев ги прими претставниците на компаниите – генерални спонзори на овогодинешниот Струмички карневал, и им врачи плакети во знак на благодарност за финансиската поддршка на карневалот.

Плакети добија: „Стопанска банка“ , „Шпаркасе банка“ , „Графосервис“ , ЈПКД „Комуналец“ , „Комерцијална банка“ , „ЕВН“ , „Атлантис“ , „Никоб“ , „Сириус“ и „Акцент медиа“.

Градоначалникот Заев и претседателот на ОО на Струмичкиот карневал Александар Цицимов ја истакнаа својата благодарност до генералните спонзори, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе го помагаат негувањето на вековните карневалски традиции во нашиот град.

Инаку традиционалното доделување плакети на генералните спонзори на Струмичкиот карневал, и овој пат беше реализирано во рамките на одбележувањето на Денот на заштитниците на Струмица – Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.

[juicebox gallery_id=”429″]