Почетна Вести

Груевски не се појави пред Анкетната комисија, ќе сведочел во понеделник

Претседателот на партијата и премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14 декември и ќе се обрати пред пратениците од Комисијата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денеска требаше да биде првиот сведок пред Анкетната комисија за прислушувањето. Во четврток треба да сведочат неговиот советник Мартин Протуѓер и министерот за финансии Зоран Ставрески, во петок поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков,  на 14-ти декември поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески треба да сведочи на 15-ти декември.