Почетна Вести

Анкетната комисија за прислушувањето денеска треба да го сослуша Груевски

Денеска во 11 часот пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето како прв сведок треба да се појави премиерот Никола Груевски, додека во четврток повикани да сведочат се Мартин Протуѓер и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Во петок ќе биде сослушан поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, а на 14-ти декември поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески треба да сведочи на 15-ти декември.

Седниците по барање на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат затворени за јавноста.

Не постои законска обврска сведоците да се појават на сослушување пред комисијата.