Почетна Вести

Бонева: Немам ништо криминално направено за да не бидам член на ДИК

Кон крајот на ноември оваа година, заврши огласот за кандидирање за членови во Државната изборна комисија, која и понатаму е предмет на расправа помеѓу политичките партии задолжени за решавање на политичката криза преку Договорот од Пржино.

Во последните преговори, најспорно за партиите е делот за експертите, кои не треба да бидат членови на политичка партија, но сепак поголемиот дел од пријавените кандидати се или приврзаници или симпатизери на партиите.

Кога Комисијата за избори и именувања ја утврди листата, на неа освен имињата на кандидатите како независни експерти, беа запишани и партиски имиња од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Целиот актуелен состав на ДИК, без претседателот Никола Рилковски, повторно се кандидираа за “одлуконосачи“ во најважното тело кога се во прашање изборите.

На листата кандидати од ВМРО-ДПМНЕ се јави и пратеничката Силвана Бонева, што пак резултираше со реакции на социјалните мрежи.

Бонева за НОВА вели, со целосна одговорност пристапува со нејзината кандидатура и подготвена е доколку влезе во Државната изборна комисија, согласно стандардите да ја врши својата должност.

На прашање на НОВА дали нејзиното членство во ДИК ја компромитира работата на Комисијата бидејќи таа беше инволвирана во т.н “бомби“ кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Бонева вели, нема ништо криминално направено во нејзиниот живот.

Целиот текст можете да го прочитате на НОВА.

Автор: Влатко Чаловски