Почетна Инфоград

Дебата во организација на НОВУС: ЕУ е дел од решението, но и од проблемот во Македонија

Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – делувај европски“ кој што е финансиран од општина Струмица, ќе организира јавна дебата во соработка со дебатниот клуб при Младински совет – Струмица на тема „ЕУ е дел од решението, но и од проблемите во Македонија“.

Преку дебата учесниците ќе ги изнесат своите аргументи за или против, а ќе се потенцираат и бенефитите и ограничувањата што Македонија би ги добила доколку стане дел од Европската унија.

Дебата ќе се одржи во вторник (1 декември) со почеток од 19.00 часот во големата сала во Дом на АРМ. Дебатери ќе бидат Цветанка Манчева, Александра Николова, Ристо Ковачев, Вероника Поповска, Верица Китанова, Љубица Поп-Трајкова, Лилјана Ѓорѓиева и Викторија Јанушева.

Овој настан ќе биде од отворен карактер и секој заинтересиран граѓанин може да присуствува на дебатата.

За дополнителни информации и/или прашања, можете да се обратите на следниот е-маил: contact@associationnovus.org  или на телефон 078/699-499.