Почетна Вести

Шилегов: Колку чини огромниот имот што го купила ВМРО-ДПМНЕ? (Видео)

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ директно го кршат договорот од 2 јуни /15 јули. Се плашат од комплетирањето на специјалното јавно обвинителство. Се плашат од избор на независен министер за внатрешни работи. Се плашат од заминување на Никола Груевски од премиерската позиција. Се плашат од соочување со одговорноста. Се плашат и сакаат да избегаат од слободни, фер и демократски избори, рече на денешната прес конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе нема да останат неказнети.

Денеска јавноста ќе добие уште еден доказ зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го кршат Договорот и по секоја цена се обидуваат да го оневозможат нормализирањето на институциите и враќањето на правната држава.

Затоа што станува збор не само за личен, не само за семеен туку и за партиски криминал.

Во текот на 2014 и мал дел во 2015 година, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ купила огромен имот низ цела Македонија. Дури 63 објекти на различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни. Само објекти, без земјиште, најголем дел во Скопје.

Вкупниот приход што ВМРО-ДПМНЕ го прикажала за 2014 година изнесува помалку од 4 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ како и нејзините функционери со малку пари купува огромен имот.

Очигледно е дека додека се крадела државата се богатела не само фамилијата туку и партијата.

Колку чини вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ?“, рече Шилегов.