Почетна Инфоград

Анкета на НОВУС: Запознај ја Европската унија

Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – делувај Европски“, спроведува анкета, се со цел да се испита мислењето на граѓаните од различни категории за тоа колку тие се запознаени со Европската унија, дали сметаат дека членството ќе ја направи Република Македонија попросперитетна држава и дали имаме друга алтернатива освен ЕУ.

Согласно доделениот грант, предвидено е овој проект да трае 4 месеци и основна цел е да се промовираат европските вредности и принципи, но и да се запознаат граѓаните со институциите на ЕУ, фондовите, бенефициите и можностите што ги нуди големото европско семејство.

Анкетата можете да ја пополните на следниот линк.