Почетна Вести

Заев ќе објавува нови „бомби“?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил најави дека опозицијата ќе продолжи со објавување на прислушуваните разговори.

‪‪‪#‎ТикТакТикТакТикТак, напиша Заев на Фејсбук.

Оваа најава следува по синоќешните разговори меѓу лидерите на четирите партии, на кои не беше постигнат договор.

Доколку партиите не постигнат договор до недела вечер, веројатно СДСМ ќе продолжи со објавување на нови „бомби“. Засега не постои официјална информација кога точно ќе се случи тоа.