Почетна Вести

Катица Јанева за Призма: Има лица кои се подготвени да бидат заштитени сведоци

Во интервју за „Призма“, специјалната обвинителка Катица Јанева  потврдува дека се точни информациите оти одредени лица се подготвени да бидат соработници на правдата т.н. заштитени сведоци, за содржините што произлегуваат од следењето на комуникациите.

„Да, точно е, но во овој момент не можам да зборувам за тоа, бидејќи прво треба да ги примиме сите пријави, предмети, да видиме во која фаза се, и кои сѐ лица би соработувале со правдата“, вели Јанева за „Призма“.

Нагласува дека внимателно ќе ги слуша  „бомбите“, и покрај евентуална одлука на Апелацискиот суд дали снимките  можат да се користат како доказен материјал.

„Евентуалната одлука на Апелацискиот суд дека снимките не можат да бидат користени како доказен материјал, нема да влијае на мојата работа. Јас можам да постапувам по допрен глас и секој збор во тие „бомби“ ќе биде предмет на анализа“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.