Почетна Струмица Њуз

Во чест на 11 Октомври градоначалникот Заев положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата

Почитувајќи ја историјата и нејзините придобивки, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, положи свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк. На одбележувањето на Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот цвеќе положија и претставници на борците, резервните старешини, политичките партии и јавните институции.

За значењето на празникот зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

-И еве, дочекавме уште еден 11 Октомври. Дочекавме уште еден празничен ден кој буди празнување во нашите души. Со тоа повторно осамнуваат спомените од денот кога непокорот и слободољубивоста на македонските борци го покажаа своето праведно лице. Го славиме денес овој ден запишан во историјата на македонскиот народ како Ден на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание, но во исто време и како Ден на борецот. За овој ден многу е кажано и многу е напишано. Кажано е и ова: „Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млад луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот од времепловот на македонскиот народ, и да биде урнек во креирањето на вистинската приказна за македонската република“. Од изреченото за овој празник времето памети дека: „11 Октомври е дел од македонската историја , кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е ден кога е поставен еден од темелите на подоцнежната македонска државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе“, рече Христов.
Во чест на празникот, беше изведен пригоден рецитал од рецитаторите во домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

[juicebox gallery_id=”387″]