Почетна Струмица Њуз

Општина Струмица организираше прием за првачињата

Дел од првачињата кои денеска беа примени во Детската организација, присуствуваа на традиционалниот прием кој што секоја година во нивна чест го организира општина Струмица.

Срдечно добредојде им посака претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, како и претставнци на одделението за образование.

Откако сите дечиња беа почестени со сок и чоколадо, во пријатна и опуштена атмосфера ги споделуваа впечатоците од почетокот на новата учебна година,  рецитираа песнички и разговараа на училишни теми со претседателот Христов, кој уште еднаш им посака многу успех во учењето и весело и безгрижно детство.

[juicebox gallery_id=”385″]