Почетна Вести

Во чест на легендарниот Дражен Петровиќ – 30 години од рекордните 112 поени

Пред точно 30 години, на денешен ден, легендарниот Дражен Петровиќ, во дресот на Цибона, го одигра најефикасниот натпревар во кариерата против Олимпија (158-77), постигнувајќи неверојатни 112 поени.

На 5 октомври 1985. година во Загреб пристигна Олимпија со кадетскиот тим заради административна грешка, бидејќи тогашниот директор на Олимпија, Радо Лорбек закаснил со лиценцирање на играчите. Тоа бил совршен тајминг за рушење на рекордот на Радивое Кораќ, кој во 1962. година на загрепска Младост и даде 74 поени. Дражен до полувреме постигнал 67 поени и без проблеми го сруши рекордот и заврши со 112 поени.

„Главна причина за воопшто да се појави идејата за рушење на рекордот на Кораќ беше желбата некако да се привлече публиката во сала, со оглед на тоа што игравме против младинскиот состав на Олимпија. А, во тоа време Цибона беше европски шампион и имаше неверојатно силен тим. Сето останато веќе е историја“, се потсетува Александар Петровиќ, братот на легендарниот Дражен.

Цибона тој меч играла во состав: Дражен Петровиќ, Данко Цветичанин, Зоран Чутура, Свен Ушиќ, Миховил Накиќ, Фрањо Араповиќ, Бранко Вукичевиќ, Дамир Павличевиќ, Аднан Бешиќ, Иво Накиќ, Дражен Анзуловиќ, Владо Ризман, Иван Шоштарец и Небојша Разиќ.