Почетна Шаренило

Здружението „Фауна“ реализира проект со поддршка од општина Струмица

Здружението на граѓани – Друштво за заштита на животните „Фауна“ реализира проект за заштита на бездомни, диви и домашни животни, поддржан со средства од буџетот на општина Струмица за 2015 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Според Сузана Божијанова координатор на проектот, главните активности на проектот се насочени кон собирање на оставени животни од разни локации,  потхранување и грижа за нивно вдомување кај нови сопственици. Исто така, во рамките на проектот се врши и секојдневно прихранување на бездомните животни од страна на волонтерите на друштвото и лечење на повредените животни и нивно сместување на сигурни места се додека не се излечат.

Во следниот период активностите на друштвото за заштита на животните „Фауна“ ќе бидат насочени кон зголемување на бројот на волонтери и подигање на хуманата свест на граѓаните кон животните во општина Струмица.