Почетна Струмица Њуз

Граѓански активисти од Струмица со порака до Груевски: Барок – Јок!

Револтирани од најавата за новиот изглед на зградата на поранешната полициска станица, денеска помеѓу жителите на Струмица граѓански активисти делеа летоци на кои пишуваше „Груевски, во Струмица барок – ЈОК“. Велат: „НЕ за барокот на Груевски во Струмица – ДА за европска и модерна Струмица!“.

Пред десетина дена премиерот Никола Груевски најави реконструкција на старата зграда на полициската станица во која ќе бидат сместени повеќе институции, како подрачните одделенија на Управата за имотно-правни работи, на УЈП, Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за матична евиденција. За објектот ќе бидат потрошени 1,1 милион евра буџетски пари.

Граѓаните бараат од Владата да им обезбеди услови за подобар живот и како што велат, да престане да ги троши народните пари на вакви и слични градби.

„Груевски да даде милион евра за откуп на корнишонот кој денеска се продава за 10 денари од килограм, а не за некакви згради. Немам пари леб да им однесам дома на децата, а тој ќе троши милион за некакви измислени згради“, вели А.Ј.

„Пренесете му на Груевски дека не сакаме грди зданија и во нашиот град“, порача граѓанин од Струмица.

[juicebox gallery_id=”378″]