Почетна Вести

Катица Јанева даде свечена заклетва пред Советот на обвинители

Откакo Собранието на Република Македонија вчера по итна постапка го донесе Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и изгласа  Катица Јанева да биде специјален обвинител, таа денеска  даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители.

Доцна синоќа претседателот Ѓорге Иванов го потпиша указот за Законот за специјален обвинител, по што Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката.

Јанева во кратката изјави денеска им се заблагодари на сите што застанаа позади нејзиниот избор и најави дека за еден месец со  тимот ќе ги преземат работите за кои се недлежни.

Катица Јанева својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител, по што 2009 е именувана за обвинител. Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија, а годинава мандатот и е продолжен за уште четири години.

По свечената заклетва пред Советот, Јанева стапи на должност специјален јавен обвинител.

Видео: НОВА