Почетна Инфоград

Поради дефект ќе биде прекинато водоснабдувањето на неколку улици во градот

Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Гоце Делчев“ од 10 до 15 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на следните улици: „Климент Охридски“ на потегот од улицата „Борис Поп Димитров“ до улицата „Гоце Делчев“, „Балканска“ на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до булеварот „Маршал Тито“, „Младинска“ на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „Борис Поп Димитров“ и улицата „Гоце Делчев“ на потегот од булеварот „Маршал Тито“ до улицата „Климент Охридски“.

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.