Почетна Инфоград

До 15 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на неколку улици во градот

Поради дефект на водоводна цевка од 10 до 15 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улиците „Ристо Ќурчиев“, „Ристоман Попчевски“, „Младинска“ на потегот од улицата „Ристоман Попчевски“ до улицата „Ѓорѓи Упчев“, потоа улиците „Ѓорѓи Упчев“, „Ката Поцкова“ и „Климент Охридски“ од патот за Балдовци.

Екипи на Јавното претпријатието за комунални дејности „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот.