Почетна Струмица Њуз

И по Тито – Груевски: На ѕидот во кабинетот на градоначалникот на општина Ново Село фотографија од премиерот

Како во времето на комунизмот кога низ канцелариите можеше да се забележи фотографија од маршалот Тито, и денеска по исти терк. Во кабинетот на градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, во позадина на ѕидот стои фотографија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Никола Груевски.

Иако градоначалникот Велков е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тој треба да ги застапува интересите на сите граѓани на општина Ново Село, но очигледно во прв план му се интересите на лидерот на неговата партија.

Фото: струмицаденес