Почетна Инфоград

Поради реконструкција на водоводната мрежа утре без вода ќе останат 7 улици во градот

Поради реконструкција на водоводната мрежа утре(18.08.2015г.) ќе биде прекинато водоснабдувањето на следните улици: „Браќа Миладинови“ на потегот од улицата „Панче Пешев“ до улицата „Киро Минанов“, улицата „Братство Единство“ на потегот од улицата „24 октомври“ до улицата „Климент Охридски“, улицата „Жртви на фашизмот“ на потегот од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Јанко Цветинов“ и улицата „Коста Бозов“.

Без вода ќе бидат и улиците „24 октомври“ на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Братство Единство“, „Ило Шопов“ на потегот од улицата „Киро Минанов“ до улицата „Коста Бозов“ и на улицата „Младинска“ на потегот од улицата „Братство Единство“ до улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае од 6 до 14 часот.