Почетна УраКултура

Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Mossel вечерва на големата музичка сцена на струмичкиот плоштад

Од вечерва се отвора големата музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ во рамките на четвртото издание на „Струмица опен фест“. Честа први да настапат на неа ја имаат младите струмички таленти, а по нив следуваат настапите на Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Mossel.

Синоќа завршија фестивалските содржини на локациите во големиот градски парк. На сцената во дворот на домот на АРМ се одржа детскиот фестивал „Јојо“, на корзото се продаваа делата од ликовната колонија, а во амфитеатарот вечерта беше посветена на џез музиката.

[juicebox gallery_id=”349″]