Почетна Инфоград

Поради реконструкција на водоводната мрежа без вода ќе останат 4 улици во градот

Поради реконструкција на водоводната мрежа ќе биде прекинато водоснабдувањето на следните улици: „Браќа Миладинови“ на потегот од улицата „Панче Пешев“ до улицата „Киро Минанов“, улицата „Братство Единство“ на потегот од улицата „24 октомври“ до улицата „Климент Охридски“, улицата „Жртви на фашизмот“ на потегот од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Јанко Цветинов“ и без вода ќе биде улицата „Коста Бозов“.

Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае од 11 до 14 часот.