Почетна Инфоград

Прекин во водоснабдувањето до 22 часот во градот и до 7 часот во населените места

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги  известува граѓаните и стопанските субјекти на градот Струмица и населените места кои користат вода од водоснабдителниот систем на градот Струмица дека денеска (07.08.2015г.) дојде до прекин во водоснабдувањето.

Во градот Струмица вода ќе нема до 22 часот, а во населените места Добрејци, Просениково, Дабиле, Градско Балдовци, Баница и Водоча вода ќе нема до 7 часот (сабота).

Водоснабдувањето е прекинато поради заради интервенции од страна на ВП „Струмичко поле“ на браната „Турија“, поточно заради интервенција на главниот пропусен затварач.

Од ЈПКД „Комуналец“ се надеваат дека сите планирани активности „Струмичко поле“ ќе ги заврши во предвиденото време и со тоа ќе допринесе прекинот во водоснабдувањето да биде во најавениот период.