Почетна Струмица Њуз

Во синоќешната сообраќајка во Струмица 28-годишно момче се здоби со потешки повреди

Во тешката сообраќајната несреќа која се случи синоќа околу 20:10 часот во Струмица на крстосницата од локалниот пат Струмица – Просениково и улицата „Климет Охридски“, тешко повреден е 28-годишниот А.А. од село Радово кој управувал со „Пежо 406“, додека возачот на патничкото возило „Мерцедес“, 33-годишниот Т.Т. од Радовиш, е полесно повреден пишува Радио СтрумицаНет.

Со полесни повреди се здобиле сопатникот во „Пежото“, како и возачот и сопатниците во „Мерцедесот“, кои по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

28-годишниот А.А од село Радово по укажаната лекарска помош во Струмичката болница е задржан на понатамошно лекување.

Причините за сообраќајката дополнително ќе се утврдуваат.

Фото: Струмицаденес