Почетна Животинки

Трогателна фотографија која го спаси животот на две кучиња

Фотографијата на две кучиња,кои прегрнати позади решетки во прифатилиштето чекаат на евтаназија, се прошири на интернет откако една група за спас на животните ја постави на Фејсбук и со тоа ги спаси од сигурна смрт.

„Точно 2 часа и 6 минути. Толку и требаше на организацијата „Angels Among Us“ да ги спаси животите на овие двајца пријатели“, пишуваат припадниците на групата која од азилот за кучиња во северна Џорџија го спасила овој среќен пар.

На фотографијата се прикажани двете кучиња кои во понеделник не се успиени благодарение на донациите од љубители на животни, а наскоро тие биле и вдомени.

Групата вели дека тие сега се безбедни со новиот сопственик.