Почетна Вести

Вучиќ нападнат со камења на комеморацијата во Сребреница (Фото+Видео)

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска беше погоден со камен во лицето за време на комеморацијата за одбележување на 20 години од трагедијата во Сребреница, пишува весникот „Блиц“.

Вучиќ и лицата, кои го придружуваа се евакуирани и се на пат кон Белград, додава весникот. На влезот на гробиштата, каде се погребани посмртните останки на жртвите, разлутена група граѓани ја проби заштитната ограда и се упатија кон Вучиќ и неговата делегација, фрлајќи кон нив со камења, шишиња и чевли.

– Беше страшно, не гаѓаа со што ќе стигнеа, изјави член на делегацијата на Србија.

Според него тие извикувале „Четнику, врати се дома“ и „Алах е голем“..