Почетна Инфоград

Од понеделник почнува заловувањето на кучињата скитници

Општина Струмица ги известува граѓаните дека од понеделник (13.07.2015г.) ќе започне со стручен третман, односно, заловување  на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Извршител на работите ќе биде фирмата ДТУ Ветеринарна клиника „Анри Вет“ од селото Стојаково, со која согласно тендерската постапка е склучен договор и направени план и динамика за спроведување на оваа активност.

За таа цел, ги информираме граѓаните, посебно сопствениците на  кучиња, а се необележани, односно, не се соодветно згрижени, истите да си ги згрижат, или соодветно да ги обележат, во спротивно, ниту Општината ниту извршителот на активноста нема да одговараат доколку се случи заловување на ваквите кучиња и сите трошоци кои ќе бидат направени за заловувањето на кучињата ќе си ги сносат сопствениците. Заловувањето на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња ќе се врши во континуитет.