Почетна УраКултура

Фестивалски период ширум државата и куРтурно лето

Како деновите стануваат неподносливо топли заедно со разиграните комарци, така знам дека е подготвена реколтата за собирање на балканските турбо фолк пејачи.  Не е ништо случајно, доаѓа периодот кога ширум државата се случуваат фестивалски и „културни“ денови. Доматите, краставиците и пиперките од кванташките пазари не можат да се откупат и извезат, ама без проблем може да се увезат „ѕвездите“ на пинк, балканика и останатите мега вокали на широката и раскошнашабанарска палета. Летово може да се просветлите низ неколку градови, па решивме да ви помогнеме во изборот.

СТРУМИЦА, ќе културира со Струмица Опен Фестивал и главната засега најавена ѕвезда е ултра популарната, Даниела Мартиновиќ. Фестивалот, да добие на шаренило од звуци ќе се погрижи Том Нови, а ќе кулминира со Тропико бенд. Претходно, Струмичани ќе имаат можност да се просветлат со неколку реда поезија и 150 метри слободно трчање на келнерите. Во главните фестивалски вечери градот под Царевите кули ќе го добие прекарот „ чадот под Цар Самоил“. Традиционално од гоДина во година на главните фестивалски вечери, СОФ доби белег на прскање со пиво. Откако ќе заврши СОФ, се демонтираат шанковите на пиварите, а Струмичани наполнети со културно пиво, одмараат до следната реколта.

Пред Срумица како загревање е  исто така добро познатиот фестивал пиво фест во ПРИЛЕП.  Таму нема да биде Мартина, туку Дино Мерли., Неда Украден, Оливер Драгоевиќ и Гоца Тржан. Ќе биде различно. А како изненадување во најжешката вечер го најавија како што велат, потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу , „Ѕвездите на Гранд”, Ален Хасановиќ. Првата вест после фестивалот е колку пиво се испило. И со тоа домаќините се горди на успешно завршениот фистивал.

Летниот период не не остава рамнодушни и градот ОХРИД, кој веќе е подготвен со билборди од Аца Лукас. Од таму најавија дека еден од најпопуларните српски пејачи во моментов, човекот на којшто годините не му можат ништо, еден од жирито на мега популарните „Ѕвезди на Гранд“, Аца Лукас на 25 јули ќе ја отвори охридската концертна сезона со летен концерт на плажата Немо во Охрид.

Доколку не ве исполни до максимум овој богат репертоар на „музички имиња“ топло ќе ви препорачАме место каде дури и комарците нема да ви сметаат, а таму ги има најмногу. ДОЈРАН е местото кое ќе го одбележи летото годинава на планот на квалитетни музички имиња и фестивал кој не треба да се пропушти. За жал таму не можете да ги слушнете „гранде ѕвездите“.

Д Фестивал, годинава ќе ве почасти со,

WILKINSON (петок, 17. јули – Main Stage),

* BAD COPY (петок, 17. јули – Main Stage),

* ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ (петок, 17. јули – Main Stage),

* POINT BLANK (петок, 17. јули – Main Stage),

* НОВИОТ ПОЧЕТОК (петок, 17. јули – Main Stage)

* FURION (петок, 17. јули – Main Stage),

* КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ ( петок, 17. јули – Main Stage)

* КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ feat. TK WONDER (сабота, 18. јули – Main Stage),

* ФОЛТИН (сабота, 18. јули – Main Stage),

* ЉУБОЈНА Brass Fantasy (сабота, 18. јули – Main Stage),

* FOOLISH GREEN (сабота, 18. јули – Main Stage),

* PMG Kolektiv (сабота, 18. јули – Main Stage),

* ZAA (сабота, 18. јули – Main Stage),

* Antenna 5 DJ’s (сабота, 18. јули – Main Stage)

* ORATNITZA (сабота, 18. јули – Mosquito Stage),

* РЕТРО КАБАРЕ (сабота, 18. јули – Mosquito Stage),

* PROJECT 2501 (сабота, 18. јули – Mosquito Stage),

* SMOKE SHAKERS (сабота, 18. јули – Mosquito Stage);

* MANU CHAO LA VENTURA (недела, 19. јули – Main Stage),

* BLLA BLLA BLLA… (недела, 19. јули – Main Stage),

* BAILDSA (недела, 19. јули – Main Stage),

* DRUM’N’BRASS TRIO (недела, 19. јули – Main Stage)

* JUNE (недела, 19. јули – Mosquito Stage),

* TV RAGE (недела, 19. јули – Mosquito Stage),

* АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ (недела, 19. јули – Mosquito Stage),

* BROOKA BAND (недела, 19. јули – Mosquito Stage)!

До тогаш поздраФ, до Струмица, Прилеп и Охрид со се „културните“  и фестивалски денови.