Почетна Животинки

Шекеринска му порача на Груевски: Опозицијата не е од материјал кој лесно се крши

Никола Груевски оваа недела е под голем притисок да има договор и тој е свесен за последиците доколку не се случи тоа. Последиците од такво сценарио ќе бидат тешки за сите, а посебно за него бидејќи тој ја има најголемата одговорност, порача од Струмица заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа истакна дека одлуката преку ноќ да се прифати обвинението против Заев е начин со кој Груевски сака да го префрли притисокот од себе си кон лидерот на опозицијата.

rada

„Тој ги слушна најавите, ако нема договор ние ќе продолжиме да објавуваме бомби, ако нема договор ние ќе го смениме начинот и темпото на протестирање,  јасно му е дека притисокот врз него ќе расте и целта му е да го персонализирира притисокот да ги направи сите поспремни за некаков компромис. Ако мислеше дека ќе му успее, многу згреши, бидејќи ако Заев беше таков човек  да попушти под притисок, ќе се скршеше уште во јануари, уште во март, во сите овие денови кога наместо да седи дома – седи во партија, кога добива стотици закани и уцени од секакви луѓе и  извори блиски до власта. Заев покажа дека опозицијата е направена од материјал кој не се крши така лесно и дека сите сме подготвени да се носиме со оваа задача“, рече Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ од трибината во Струмица потенцираше дека секој ден без Груевски е шанса македонските граѓани да бидат посилни, а властодршците да станат послаби.  Таа во својот говор пред присутните рече дека е потребен период во кој институциите полека ќе се ослободуваат од влијанијата на Груевски врз истите.

„Следните избори ќе бидат избори со или без страв, со или без слобода, и од тука ја црпиме увереноста дека луѓето сакаат да гласат за промени, но мора да се ослободат од впечатокот дега Груевски е таму горе и дека тој одлучува за се. Нашите барања ја имаат таа цел и бидејки целта ни е цврста, како и преговорачките барања, ќе издржиме до крај“, изјави Шекеринска.

Таа додаде дека Груевски мора да реши дали овие денови ќе има или не политичка разрешница, а народот ќе покажел дека веќе никој не им се плаши. Потенцираше дека опозициската борба ќе продолжи и дека ќе се засили и по улиците, и на прес конференции, и по градовите и по селата.

„ Ако се направи анализа, преку своите оф-шор компании тие се сопственици на три четвртини од се во државата. Ќе ни треба многу време, крак по крак да се сечат пипците на тие криминални структури. Но, клучно е да ја испратиме пораката дека ова не е само политика, туку дека ова е нашиот живот и наша заедничка битка. Во ваква Македонија како денес, нашите деца ќе растат со помалку шанси, со никакви перспективи  и ќе гледат да им се приклучат на оние 500 илјади што ја напуштија државата, 20 илјади прислушкувани граѓани, 6 милијарди евра задолжени кон странство. Само овие показатели  ви кажуваат дека ако во брзо време Малкедонија не се разбуди од овој политички кошмар, нема да имаме што да спасуваме. Она што ние го понудивме е да излезе вистината на виделина, да излезат луѓето и да покажат дека оваа власт го изгуби и кредибилитетот и легитимитетот, додаде Шекеринска.

Трибината се одржа синоќа во полната сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.