Почетна Струмица Њуз

Тешка сообраќајка кај „Жито Струмица“

Комбе со валандовски регистарски табли, удри во автомобил „форд“ со струмички регистарски табли, утрово околу 6 часот на раскрсницата кај силосите на „Жито Струмица“ во Струмица.

Фото: Струмицанет

Во сообраќајната незгода возачот на автомобилот, роден 1995 година е повреден и пренесен во Струмичката болница. Според очевидци,  момчето го извадиле од задното странично стакло, пожарникарската екипа.