Почетна Струмица Њуз

Советниците на коалицијата За подобра Македонија ја напуштија седницата

Пред да се изгласа дневниот ред на денешната седница на Советот на Општина Струмица, советниците од коалицијата За подобра Македонија истата ја напуштија. Прчина за напуштање на седницата, како што велат, бил одговорот од општината на нивното барање за свикување вонредна седница, на која ќе присуствува и градоначалникот Зоран Заев за да дал одговор на прашања поставени од граѓаните.

„Нашиот став е дека овие прашања граѓаните требаше да ги слушнат во изминатиот период, но за жал немавме можност тоа да го сториме. Не се согласуваме и со отсуството на градоначалникот од седниците и немањето можност советниците да му поставуваме директни прашања“, изајави Зоран Пакетов координатор на советничката група на коалицијата За подобра Македонија.

На новинарско прашање дали и понатаму ќе отсуствуваат од седниците, од коалицијата истакнаа дека остануваат на ставот за свикување  вонредна седница.

По нивното на напуштањето на сеедницата, истата  продолжи по денешниот дневен ред, меѓу кој беше и точката за донесување одлука за одредување на локацијата за поставување спомен обележјето на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР.

Советниците донесоа одлука спомен обележјето да биде псотавено во близина на Дом на Армија, на парцела 429/1, но ќе се бара ново идејно решение.