Почетна Вести

Заев: Власта со години ги прислушувала граѓанските организации

Најмалку десет активни граѓански организации во Македонија со години биле таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ денеска им достави папки на 10 невладини организации меѓу кои НВО Инфо Центар, Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија, Транспарентост Македонија, Фондацијата Отворено општество, ЦИВИЛ – Центарот за слобода, Истражувачкиот центар за граѓанско општество, Граѓанската платформа АЈДЕ, Центарот за стратешки анализи Форум, Македонски центар за европско образование и Фондацијата Метаморфозис.

„Ова се само дел од прислушуваните организации за кои материјалите се комплетирани, но нивниот бројо е многу поголем ако се земе во предвид дека дел од нив се слушале индиректно, рече Заев и додаде дека и тие ќе бидат повикани да си ги подигнат папките.