Почетна Вести

Денеска нова „бомба“ и мирен протестен марш

 

По кратка пауза, СДСМ од денеска продолжува со објавувањето на „бомбите“. Според најавите, од кампот пред Владата, опозицијата ќе обелодени разговори поврзани со финансиски малверзации на власта.

Вечерва од 18 до 19 часот граѓанската иницијатива „Граѓаните за Македонија“ ќе одржи протестен марш, кој ќе започе од Кампот на Слободата до Министерство за финансии.

И по 11 дена кампување пред владата се уште нема оставка и политичка одговорност од Никола Груевски за криминалот и неправдата кои им ги нанесе на граѓаните на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на денешниот марш и заедно да му порачаме да си оди за доброто на сите. Ние не се откажуваме од нашите барања, Груевски мора итно да замине за да престане агонијата во која живееме од неговото владеење“, велат од иницијативата.
Порграма за денеска:

Од 19 до 19.30 Обраќања: Збогум Никола!

– Младен Чадиковски, новинар
– Драган Тевдовски, политичар
– Борче Чупетрески, бизнисмен
– Крсте Шајновски, унверзитетски професор

Од 20 до 21 часот диџеј ќе биде Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Од 21 до 22 часот Страна Б (рок свирка).