Почетна Вести

Груевски од парите на граѓаните си купил луксузен мерцедес

Желбата за луксуз на Никола Груевски одела до таму што од парите на граѓаните со порачал луксузен мерцедес со масажери и останата фул опрема во износ од 600.000 евра, каков што нема во Југоисточна Европа, рече на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Мерцедесот е купен од парите на граѓаните, а се планира да се изрежира и како да е купен за потребите на МВР. Со Јанкуловска договараат како да ја наместат оваа јавната набавка, да глумат како да е за МВР“, рече Заев.

Транскрипти од разговорите меѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало

НГ: Ало, Горде со праиш?

ГЈ: Добро еве малку по дома весници и така…

НГ: За две работи те барам

ГЈ: Кажете…

НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?

ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…

НГ: Тоа на М…на М…

ГЈ: Е добро океј…

НГ: Да не зборам сеа вака…

ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…

НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите

ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах

НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…

ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…

НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…

ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…

НГ: Друго ќе видиш тој е фул као за….

ГЈ: Да де да, не, не, не океј си е…

НГ: …се знае тоа…

ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах

НГ: Да да

ГЈ: Така да супер…

НГ: Така да почни ја постапката, терај ја

ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…

НГ: Утре го добијаш…

ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…

ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја милам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…

НГ: Да де да…

ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…

НГ: Да да…

ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…

НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…

ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…

НГ: Да, да…

ГЈ: Мислам не може да не дере нели…

НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот

ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…

НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена

ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…

НГ: Кај Лена на рака да…

ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…

НГ: Пријатно…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало

НГ: Горде здраво, шо праиш?

ГЈ: Здраво, добро еве на работа…со обврски вообичаено.

НГ: За ова се јавувам шо ми пиша…

ГЈ: Аха..

НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото туку ќе глумиме дека е на МВР и вие ќеси го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова она, ќе го користите а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…

ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…

НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…

ГЈ: Да да добро нема проблем…

НГ: Таму…кај шо ме чекаат куп новинари ќе си одам со старата

ГЈ: Да де да…

НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го превземале од МВР и дека од сега…бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го превземале тоа и така…

ГЈ: Добро јас нема проблем пошо нели веќе се заврши све…

НГ: Така, до локални нека си биде на вас, на ваше како се вика тоа…

ГЈ: Не, може и после да си биде на МВР возилото, значи нема никаков проблем…

НГ: Нека си биде

ГЈ: Значи сопственик си е МВР нема никаков проблем, у принцип мислам кај нас се задолжува возило на име за… да си внимава некој да не не го оставаме така…

НГ: Ама ако го задолжиме на Мац па после да не се дознае, м?

ГЈ: Па… мислам дознавањето е тоа некој надвор ако види иначе нема друго дознавање, мислам нема проблем и вака ќе си биде задолжено на овој Влатко шо ми е од возен парк па кога треба ќе си го земе Марјан со патен налог…

НГ: Е па и на Влатко, може ли на неколку да се задолжи?

ГЈ: Не само на едно лице може

НГ: Е па на Влатко од возен парк задолжи го…

ГЈ: Пошо он е нели началник…

НГ: Кажи му дека многу често ќе го користиме и ние и секогаш ко ќе ни треба да ни го дава…

ГЈ: Да, да, да, го знаете Влатко некни шо ме прашавте за него, тој е ептен е океј дечково мислам нема проблем…

НГ: Кажи му ти , секогаш коа ќе ни треба, Мацко и тој другиот како се викаше Аце, двајца се…

ГЈ: Да де да…

НГ: Коа ќе го побараат да ни го даат…

ГЈ: Не е проблем, јас ќе го викнам Влатко ќе се договорам со него, јас сакав прво со вас да се… да знаете до кај е, шо е работава, пошо нели скроз ја завршивме, па да знаете дека е е во ред…