Почетна Вести

Заев: Не дозволувајте незадоволството да излезе од контрола, мирот и стабилноста мора да бидат сочувани

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати апел до граѓаните своето незадоволство да го искажат на мирен и достоинствен начин.

„Како човек и политичар, ве повикувам и апелирам до сите Вас кои протестирате пред Владата на Република Македонија искажувајќи го Вашиот гнев и незадоволство, тоа да го правите на мирен и достоинствен начин. Не дозволувајте Вашето незадоволство да излезе од контрола бидејќи мирот, стабилноста и материјалните добра мора да бидат сочувани.

Имајте на ум дека 17. мај е денот на закажаниот сенароден протест, кога мирно и достоинствено, сите заедно ќе покажеме дека сме на страната на слободата, вистината, демократијата и правдата, дека сме на страната на Република Македонија. Не дозволувајте да бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува. Истовремено апелирам до безбедносните структури на државата да бидат внимателни во извршувањето на своите задачи и да ја зачуваат безбедноста на сите оние кои во моментов протестираат“, апелираше Заев преку својот Фејсбук профил.