Почетна Инфоград

Поставени два пункта за дотур на техничка вода

Општина Струмица ги известува граѓаните дека во соработка со Територијалната професионална противпожарна единица организира дотур на техничка вода поради најавениот прекин во водоснабдувањето.

По една цистерна со техничка вода се поставени на два пункта, и тоа на булеварот „Маршал Тито“ кај СОУ „Никола Карев“ и на улицата „Братство единство“ кај детската градинка спроти болницата.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се јават на бесплатниот телефонски број 193 на ТППЕ Струмица.