Почетна Инфоград

Во среда ќе се одигра натпреварот помеѓу Зомимак-М и Вардар

Во среда (22.04.2015) со почеток во 19.00 часот во спортската сала на СОУ„Димитар Влахов” – Струмица, ќе се одигра заостанатиот натпревар од 2.коло од плејофот од ракометната Супер лига помеѓу екипите на РК Зомимак-М и РК Вардар од Скопје.

Поради малиот капацитет на салата, во продажба ќе бидат пуштени само 300 влезници, по цена од 100 денари. Картите ќе се продаваат во канцеларијата на РК Зомимак-М која се наоѓа во ТЦ„Глобал” 2 кат, во вторник и среда од 11 до 14 часот.