Почетна Инфоград

Во сабота ќе се одигра натпреварот Зомимак-М – Пролет 62

Во сабота (04.04.2015) со почеток во 18.00 часот во спортската сала на СОУ„Димитар Влахов” – Струмица, ќе се одигра натпревар од 1.коло од плејофот од ракометната Супер лига помеѓу екипите на РК Зомимак-М и РК Пролет 62 од Скопје.

Со овој натпревар започнува и разигрувањето за шампионската титула и место во европските купови.

За сите љубители на ракометот влезот ќе биде слободен.