Почетна Струмица Њуз

Од почетокот на годината пожарникарите имале 151 интервенција

Територијалната професионална противпожарна единица минатата недела имала само четири интервенции и тоа две за гаснење на запален отпаден материјал и по една за гаснење запален оџак на индивидуална семејна куќа и црпење вода од поплавен простор. Од почетокот на годината, односно од први јануари до денес, оваа единица имала вкупно 151 интервенција.

Според Мијалче Крстев, командир на ТППЕ – Струмица, 80 отсто од интервенциите биле на објекти и тоа запалени оџаци или поткровни конструкции, 10 отсто на поплавени простори и останатите се други технички интервенции во кои учествувале пожарникарите на оваа единица. Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица и кадровски и технички е подготвена за навремени и ефикасни интервенции на територијата на општина Струмица и пошироко.