Почетна Струмица Њуз

Зомимак-М го декласираше тимот од Ресен

Екипата на „Струмица Зомимак-М“ со убедлива победа над „Преспа“, во15-то коло со што останува лидер во ракометната Супер лига без ниту еден пораз.

Струмичките „рисови“ беа убедливи преку целиот натпревар и ниту во еден момент не им дозволија на гостите од Ресен да се приближат резултатски. На полувреме струмичкиот тим отиде со 7 голови разлика (17:10) со што беше решен победникот. Во ист ритам се играше и во вториот дел за на крај конечниот резултат биде (35:23).

Во следниот натпревар ракометарите на Струмица му гостуваат на „Металург Јуниор“, каде и во тој натпревар ќе влезат како фаворити.