Почетна Животинки

Дваесет лекции за сопствениците на кучиња

Доцниме на работа, забораваме да платиме сметки, немаме време да отидеме на ручек со најблиските… Во постојаната трка со времето може да ни се случи да заборавиме и на оние кои ни се навистина важни. Пријателите понекогаш ни замеруваат кога долго нема да им се јавиме, но вистинските пријатели секогаш ни се радуваат и секогаш не чекаат!

Погодивте, говориме за кучињата!

Постојат 20 факти кои секој сопственик на куче никогаш не треба да ги изуми. Кога би било можно, секое куче би ви испратило некоја од овие важни пораки.

Тие се секога тука, не сакаат најмногу и ние сме нивните вечни херои! Поради оваа „мала“ причина, важно е ова да го запомните…

1.Немој да ме игнорираш предолго. Јас живеам само 10-15 години, па секоја минута без тебе ми е цела вечност.

2.Утеши ме кога сум уплашен! Секогаш подобро се чувствувам кога се поставуваш како мој заштитник. Запомни, ти ме чуваш мене, јас те чувам тебе – таков е договорот!

3.Знам дека си зафатен/а и дека постојано брзаш, но нема да се случи апокалипса ако на работа задоцниш еднаш само затоа што утринава малку подолго сме се галеле!

4.Не ми се лути кога ти скокам. Јас сум се чувствувам среќно и возбудено што те гледам! Не лути се, туку возврати ми со иста мера!

5.Научи ме нешто ново! И јас сум среќен кога на лицето ќе ти видам задоволство кое од тебе испливува секогаш кога ќе направам нешто што ти го посакуваш! Учењето е добра вежба за мене, баш како и трчањето по парк!

6.Не се фрустрирај кога понекогаш не те разбирам. Никогаш нема да го совладам тој твој комплициран јазик на кој говориш, иако премногу се трудам… Па веројатно досега сфати дека се што сакам на светот е – да ти угодам! Кога ќе те израдувам, награди ме и потврди ми дека сум направил нешто добро!

7.Ако си нервозен – или прегрни ме за да ти помогнам, или заобиколи ме! Не сакам кога на мене викаш!

8.Води ме на нови места каде ќе запознавам дружељубиви луѓе и животни. Можеби од нив ќе се плашам на прв поглед, но знам дека секое ново суштество кое ќе го запознам ќе ми донесе ново, поинакво искуство во мојот живот. Со текот на времето ќе стекнувам самодоверба и доверба во другите. Јас навистина сакам да стекнувам пријатели!

9.Немој да ме отфрлаш кога ќе стигне нов член на семејството. Еден ден ќе го сакам и штитам како сега тебе.

10.Не оставај ме надвор кога е премногу топло или премногу студено! Моето влакно не е семоќно!

11.Не заборавај на „малите работи“ од кои се чувствувам поздраво и посреќно! Имај во предвид дека моите шепи ме болат ако ноктите ми се предолги! Забите не смеам да ги мијам секој ден, но тоа не значи дека не би требало да ми ги измиеш ниту еднаш, зарем не?

12.Верувај ми. Јас тебе ти верувам со сето срце.

13.Понекогаш знам да погрешам. Никој не е совршен… Не ми се лути предолго. Одржи ми лекција, но немој да бидеш строг. Тоа никогаш не е забавно…

14.Запомни, ти имаш семејство, пријатели, колеги, роднини, познаници… А јас те имам само тебе!

15.Разговарај со мене. Не ги разбирам зборовите, но умеам да проценам што „кажува“ твојот тон и говорот на телото.

16.Биди љубезен! И не само кон мене! Биди љубезен кон оние кои ги сакаш, но и кон оние кои ги гледаш прв пат. Особено биди љубезен кон моите другари кои немаат дом! Погали ги и нахрани ги, како што тоа го правиш со мене!

17.Те молам, не удирај ме! Јас имам заби кои можат да ги искршат твоите ситни коски на рацете, но тоа не го злоупотребувам, бидејќи те сакам. Кога ќе направам нешто лошо, изброј до 5, вдиши длабоко, а потоа полека објасни ми каде погрешив. Па 21 век е, нема да се тепаме како варвари!

18.Обрни внимание ако не се однесувам како да „не сум свој“. Ние кучињата сме горди и не признаваме лесно кога не се чувствуваме добро. Ако одеднаш се однесувам мрзеливо, некооперативно или повлечено, однеси ме кај оној нашиот ветеринар. Таму никогаш не ми срам да признаам дека нешто ме боли…

19.Кога ќе остарам, сакај ме исто толку колку што ме сакаше кога бев бебе. Можеби и повеќе! Моето крзно веќе не е меко, а јас сум досаден, бавен и тромав. Не сум мал, но мојата љубов никогаш не била поголема!

20.Тргни со мене на најтешкото патување. Разбирам оти е тешко, но сепак испрати ме до самиот крај. Вечниот мрак не е толку страшен, кога ти си покрај мене. И никогаш повеќе тажно немој да речеш „животот е краток“! Можеби е, но твојот живот е доволно долг за ваквата љубов да ја повториш барем со уште едно, ново куче.