Почетна Вести

Болница во Дубровник бара лекари – нуди бесплатен стан и плата од 3.000 евра!

Во време кога невработеноста во сите земји на поранешна Југославија е голема, Дубровник има проблем да најде лекари и тоа, како што тврдат, ќе добијат одлична плата и услови.

„Доколку во Хрватска знаете некој гинеколог, педијатар, анестезиолог, ревматолог… кој би сакал да работи во Дубровник, веднаш испратете го и ние ќе го вработиме во нашата Општа болница“, вели д-р Јерко Фери Цертиќ, раководител на дубровничката болница, пишува Слободна Далмација.

Звучи неверојатно никој да не сака таму да работи, иако болницата би му плаќала стан додека работи, а ниту на платата не би можел да се пожали.