Почетна Инфоград

Објавени наградените маски на Струмичкиот карневал

Стручното жири денеска ги објави наградите на Струмичкиот карневал. Доделувањето на наградите согласно програмата е во вторник, во 19,00 часот, пред отпочнувањето на карневалското корзо кога се очекува низ струмичкото корзо повторно, во неформален амбиент, да продефилираат маскираните групи, пред се наградените кои треба во своите костуми да дојдат на доделувањето на наградите.

Резултатите од жири комисијата се следниве:

За категорија А: Групна маска со 50 и повеќе лица

Поради еднаков број на бодови  маските под

ред.бр. 4 „Ловци на Соништа“ од СОУ „Јане Сандански,

ред. бр. 8 „Каревјанци“ од СОУ „Никола Карев“ и

ред.бр. 25   „Рингишпил“ од СОУ „Димитар Влахов“

ја делат 1-вата награда, во висина од 700 евра во денарска противвредност.

Поради истиот број на бодови трите групи рамноправно  го делат предвидениот награден фонд за прво, второ и трето место.

Категорија Б: Групна маска со 20 до 49 лица

1-ва награда, маска со реден број 28 „ Божествена комедија“ Ѕвезден Град –Струмица, во висина од  500 Евра во денарска противвредност;

2-рата награда поради еднаков број на бодови ја делат  маските со реден број 22 „Патот на свилата“ Струма –Струмица и ред.бр.18 „Арлеќини“ – Газели-Радовиш, во висина од 350  евра во денарска противвредност;

Поради истиот број на бодови двете групи рамноправно го делат предвидениот награден фонд за второ и трето место.

Категорија В: Групна маска со 10 до 19 лица

1-ва награда поради ист број на бодови ја делат Маските под ред.бр. 10 „Зелените Дијаманти“- Кико-Стил-Струмица и 45 „Кралски шкорпии“ ООУ „Маршал Тото“ Струмица, во висина од  300 Евра во денарска противвредност;

Поради истиот број на бодови двете групи рамноправно го делат предвидениот награден фонд за прво и второ место.

3-та награда, Маска со ред.бр.12 „Етнофутуризам“- Ефтимови -Струмица ,150 евра во денарска противвредност;

Категорија Г: Мала група изворна тема

1-ва награда,  Маска под ред.бр.41 „Рогато Племе“ – Багашовски Цветко, Струмица, 150 Евра во денарска противвредност;

3-та награда, Маска по ред.бр. 19 „Лазаренки“ – Ангелов Слободан, во висина од 75 евра во денарска противвредност.

2-ра награда  не се доделува.

Категорија Д: Мала група –слободна тема   

3-та награда, Маска по ред.бр. 37 „Девојките од Индија“- Маја и Мафија , во висина од 75 евра во денарска противвредност.

Прва и втора награда не се доделуваат.

Категорија Ѓ: Поединечна маска –изворна тема

3-та награда,  Маска под ред.бр. 32 „Храброто глувче“ Пројков Петар, 50 Евра во денарска противвредност;

1-ва и 2-ра награда не се доделуваат;

Категорија Е: Поединечна маска –слободна тема

1-ва награда Маска под ред.бр.47 „Кошарот Рамче“ Тони Стаменов, Струмица, 100 Евра во денарска противвредност;

2-ра награда Маска под ред.бр. 48 „Планинска Убавица“ Аце Багашевски, Струмица, 75 Евра во денарска противвредност;

3-та награда, не се доделува

Поради високиот квалитет на маските во групните категории, доделени се  дополнителни стимулативни награди  на следните маски:

Во категорија Б: Групна маска со 20 до 49 лица

На маска со реден број 6 „Танцот на пингвините“ од ОУ „Маршал Тито“ с Муртино во висина од 250 Евра во денарска противвредност;

Н, маска со реден број 15 „ Аура на бесмртноста“ ОУ „ Св.Кирил и Методи“  с.Дабиља,  во висина од 250 Евра во денарска противвредност;

На маска под ред.бр. 34 „Танц на куклите“ Средни стручни училишта – Куманово, во висина  од 250 Евра во денарска противвредност;

Во категорија В: Групна маска со 10 до 19 лица

На маска со ред.бр. 2 „Масони“ Струмички викинзи, во висина од 100 Евра во денарска противвредност;

На маска со ред.бр. 14 „ГМО Моркови“ ОУ „Герас Цунев“ с.Проесниково, во висина од 100 Евра во денарска  противвредност.

Годинава по повод одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од обновената организирана форма на карневалот, Бордот на ФЕКГ додели два пехари на ФЕКГ:

Првиот пехар се доделува на карневалското здружение Ѕвезден град како посебно признание за најдобра маска на Струмичкиот карневал 2015

Вториот пехар се доделува на карневалската група Кико стил за извонредни креации и негување на сопствен оригинален стил во сите досегашни настапи на Струмичкиот карневал.