Почетна Струмица Њуз

Градоначалникот Заев: Добредојдовте на еден од најдобрите 20 карневали во светот (Фото + Видео)

Добредојдовте во Струмица, добредојдовте на еден од 20-те најдобри карневали во светот, вака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ги поздрави гостите на струмичкиот карневал на приемот кој што се одржа во нивна чест.

Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон, амбасадори и конзули, претставници на карневалските групи од странство, претставници на збратимените градови, беа само дел од присутните на приемот кој што се одржа во домот на АРМ во Струмица.

-Честа што ни ја укажувате секоја година и оваа, е драгоцена од два аспекти, првиот аспект е тоа што изразувате огромна почит кон нашиот град,  кон нашата манифестација и вториот е што квалитетот на вашите маски кои што ги претставувате пред струмичани, го збогатуваат и прават толку силно позитивно афирмиран струмичкиот карневал. Да не заборавиме дека сте гости на еден од најдобрите 20 карневали во светот. Од мое лично име, од името на Советот на општината, од името на карневалскиот одбор и најважно од името на граѓаните на општина Струмица ви посакувам добредојде во Струмица, рече градоначалникот Заев.

Во знак на взаемна почит и долгогодишно пријателство, домаќините и гостите на приемот си разменија пригодни подароци.

[juicebox gallery_id=”257″]