Почетна Вести

Полиција вчера ги посетила студентите

Четворица полицајци вчера околу 11часот биле пред Филозофоско-Филолошкиот факултет, каде студентите веќе седми ден окупираат, и таму се задржале скоро час и половина, објави „Фокус“.

„Дојдоа наши колеги од Земјоделскиот факултет, кои сакаа да ни дадат поддршка. Полицајците рекоа дека доаѓаат со нив и стоеја скоро саат и пол надвор пред факултетот, ама тоа не смеат да го прават. Тие можат да се појават кај нас, само ако сметаат дека внатре се прави некое кривично дело. Под други услови не смеат. Ние ги прашавме што бараат тука и им кажавме дека немаат право да доаѓаат, а тие ние рекоа „вие вршете си ја вашата работа, ние ќе си ја вршиме нашата работа“ – тврдат од Студентскиот пленум за „Фокус.