Почетна Вести

СП: Ајде да ја прошириме автономната зона и на Машински и Електротехнички факултет!

По преземањето на контролата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, студентите денеска во 13 часот ќе ги „окупираат“ и техничките факултети.

„Се додека владата не ги исполни нашите барања, ќе бојкотираме и ќе окупираме! Прогласуваме автономна зона и на техничките факултети. Дојди и приклучи се!

Ајде да ја прошириме автономната зона и на Машинскиот и Електротехничкиот факултет!.

Четврток, 12.02.2015, 13:00 часот помеѓу анексот и влезот на ФЕИТ и МФ “, порачуваат од Студентски пленум.