Почетна Вести

Пленумци апелираат на солидарност со Автономна зона

Почитувани, студенти и студентки, колеги и колешки, ученици и ученички, професори и родители, граѓански организации. Студентскиот Пленум прогласи Автономна зона, велат од Студентски пленум.

„Почнувајќи со окупација на Филозофско – филилошкиот факултет, од денес па се до официјалното повлекување на спорните одредби од Законот за високо образование, студентите се селат на Универзитетот!“, наведуваат студентите и велат дека ќе држат алтернативна настава и ќе ноќеваат на универзитетот се додека барањата не бидат исполнети.

За поуспешно спроведување на акцијата и непречено одвивање на окупацијата ќе бидат потребни донации на и затоа од Студентски пленум апелираат за солидарност на граѓаните со:

1.Вреќи за спиење;

2. Ќебиња;

3 Средства за лична хигиена;

4.Плинско и плински боци;

5.Леб и лиснати продукти;

6. Продукти за правење сендвичи;

7.Чаеви;

8. Овошје;

9.Ќеси за ѓубре;

10.Пластичен прибор…

Донациите можат да бидат доставени на Филозофскиот факултет.