Почетна Вести

Студентски пленум: Бојкот на техничките факултети е успешен!

Студенти од техничките факултети, со транспаренти на кое пишува „Автономна зона“, влегуваат во предавалните на Машинскиот факултет и ги повикуваат своите колеги да се приклучат кон борбата против измените на Законот за високо образование.

Дел од студентите се приклучуваат на групата и ги напуштаат предавањата.

„Бојкотот на техничките факултети е успешен!!! Ајде Пленумци, битката за подобро високо образование е далеку од завршена“, соопштија од Студентски пленум преку својата Фејсбук страна.