Почетна Животинки

Петнаесет причини зошто кучето ви е најдобар пријател

Велат дека кучето е најдобриот човеков пријател, а изгледа дека тоа е и точно! Кучињата го разбираат нашиот говор на телото и емоциите, но пред се, безусловната љубов и подготвеност да не следат до последен здив е она што ги прави навистина посебни.

Овие 15 причини сигурно ќе ве уверат во овој факт:

1.Вашето куче е секогаш тука за вас. Во присуство на вашиот миленик никогаш нема да се чувствувате осамено.

2.Кучето секогаш ве слуша. Без разлика дали се работи за караници, врски, напорен и стресен ден, кучето ќе ве слуша и ќе реагира на вашите чувства.

3.Кучето никогаш нема да се расправа со вас. Освен, доколку не сте го нахраниле или прошетале навреме. Во тој случај бидете подготвени на гласно лаење…

4.Вашиот миленик безусловно ве сака вас и останатите членови на семејството. Вие можеби имате многу пријатели, но кучето ве има само вас.

5.Тоа е секогаш среќно кога ќе ве види. Всушност, кучето е толку среќно секогаш кога ќе се вратите дома, без оглед на тоа дали сте биле само пет минути или цел ден надвор од домот.

6.Вашето куче ќе направи се што е во негова моќ за да ве заштити.

7….И секако, верно е без оглед на се. Не се вели за џабе, верен како куче!

8.Иако вие можеби чувствувате грижа на совест за некоја работа што ја правите, кучето никогаш нема да ве осуди.

9.Кучето има способност да почувствува кога сте вознемирени, тажни или осамени. Не морате тоа да му го кажете, тоа знае! Притоа, ќе ве утеши без „непотребни зборови“.

10.Можете да си играте со кучето кога и да посакате. Вашиот најдобар пријател никогаш нема да ве одбие.

11.Дружењето со вашето куче е непроценливо за него и никогаш нема да му биде досадно во ваше присуство.

12.Од кучето ќе научите некои важни животни лекции, на кои ниту една книга нема да ве научи.

13.Без оглед на тоа кои сте и со што се занимавате, вие на вашето куче секогаш ќе му бидете најважни во животот!

14.Кучињата не се „злопамтила“! Можеби некогаш едноставно ќе заборавите да му дадете храна или ќе задоцните за прошетка, но кучето тоа никогаш нема да ви го земе за зло.

15.И секако, секогаш можете да го прегрнете и бакнете вашето куче, кога и да посакате!