Почетна Вести

Пленумци „вонредно“ повикани во кабинетот на Груевски

Студентски пленум преку својот Твитер профил извести дека „вонредно“ се повикани на средба во кабинетот на премиерот Никола Груевски, каде тема на разговор ќе биде изготвување на нов Закон за високо образование.

„Студентскиот пленум е “ВОНРЕДНО” повикан во кабинетот на премиерот Груевски да дискутира за нов ЗВО, во 12:30. STAY TUNED!“, напишаа од Студентски пленум.

Студентите велат дека нивниот став е јасен – повлекување на Законот за високо образование и подготовка на нов закон кој ќе ги содржи нивните предлози.

Освен студентите, на состанокот се поканети и Професорскиот пленум и претставници од Ректоратот на УКИМ.